Денес во касарната „Илинден“ во Скопје се реализираше работна посета на инженерискиот баталјон (инжб), од составот на Командата за операции (КО), од страна на главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт на Воените Сили на САД, Џон Дигби. Во негова придружба беа и главниот подофицер на Армијата и главните подофицери на КО и 1.пешадиска бригада и претставник на Канцеларијата за воена соработка на САД со Република Северна Македонија. Целта на посетата беше запознавање со капацитетите и можностите на единицата.
Главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт го пречекаа командантот и главниот подофицер на инжб. За време на посетата се реализираше брифинг за мисијата на инжб, организациско-формациската структура, неговите можности и способности, учеството на обука и вежби како и учеството во санирање на елементарни непогоди и цивилно-воената соработка. Главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт посебен интерес изрази за капацитетите на инжб за извршување на мисиите во државата и надвор од неа.
Посетата заврши со посета на спомен-собата, каде главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт се запозна со историјата на инжб.