Тенковскиот баталјон и четата за АБХО од1.мпбр сместени во касарната „Чојлија“, ги посети главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт – САД наредник Тоби Квик, придружуван од главните подофицери на АРМ и 1.мпбр.
За време на посетата на главниот подофицер на НГ на Вермонт му беше извршена кратка презентација за капацитетите на касарната Чојлија, кратка историја за тенковскиот баталјон и четата за АБХО, нивната структура, борбени капацитети и главната опрема со кои располагаат овие две единици од 1.мпбр.
Во рамките на посетата на тенковскиот баталјон, со едно тенковско одделение беа презентирани можностите на тенкот Т-72, во возење и користење на опремата која е вградена на тенкот Т-72.
СМ/МЈ/БН/ОЈ