На 8-ми и 9-ти април 2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и во командите на бригадите од составот на ЗОК престојуваше инспекциски тим од Вооружените Сили на Руската Федерација со цел согледување на состојбата по прашањата од специфицираната област согласност со одредбите од „Виенски документ 2011“.
Во текот на обиколката на ЗОК и командите на 1 механизирана пешадиска бригада, воздухопловната бригада, бригадата за логистичка поддршка и Резервни сили, инспекцискиот тим е запознаен со сите активности и состојби кои се однесуваат на одредбите од „Виенскиот документ 2011“ како и со историјата, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и опрема на единиците.
Инспекциските посети согласно одредбите од „Виенски документ 2011“ се редовни годишни активности кои се спроведуваат со цел размена на информации од воен карактер при што потполно транспарентно се запознаваат со актуелната состојба со вооружувањето, опремата и обуката во единиците кои се посетуваат.