Инспекциски тим на специфицираната област согласно одредбите од „Виенски документ 2011“ во период од 14-15 октомври изврши обиколка на Генералштабот (ГШ) на АРМ и потчинетите команди и единици.
Инспекцискиот тим беше составен од припадници на Вооружените Сили на Република Португалија со гостин инспектор од Кралството Белгија и од Соединетите Американски Држави придружуван од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерството за Одбрана на Република Македонија.
Дводневната обиколка започна со посета на ГШ на АРМ, Здружената Оперативна Команда и командата на резервните сили во гарнизонот Куманово, 1.механизирана пешадиска бригада и воздухопловната бригада во гарнизонот Петровец, а следниот ден продолжи во полкот за специјални операции и бригадата за логистичка поддршка во Скопје и Командата за обука и доктрини во Велес.
За време на обиколката инспекцискиот тим од страна на клучниот персонал во ГШ на АРМ и командите на првопотчинетите команди и единици се запозна со активностите и состојбите кои се однесуваат на одредбите од „Виенскиот документ 2011“ поврзани со мисијата, организациско формациската структура, пополнетоста со персонал и опрема на единиците.
Инспекциските посети согласно одредбите од „Виенски документ 2011“ се редовни годишни активности кои се спроведуваат со цел размена на информации од воен карактер, при што потполно транспарентно се запознаваат со актуелната состојба со вооружувањето, опремата и обуката во единиците кои се посетуваат.