На ден 23-ти септември во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) престојуваше четиричлен инспекциски тим од Вооружените Сили на Кралството Норвешка придружуван од екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за Одбрана на Република Македонијаа во врска со инспекција на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“.
Инспекцискиот тим изв обрши иколка на командата на 1.мпбр и оклопниот баталјон во гарнизонот Петровец , во 4. механизиран пешадиски баталјон во Кичево и на артилерискиот баталјон во Прилеп.
Од страна на клучниот персонал во 1.мпбр и командите на првопотчинетите единици на 1.мпбр кои беа обиколени инспекцискиот тим се запозна со историјата на единиците, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и опрема и останати активности и состојби кои се однесуваат на одредбите од Виенскиот документ 2011 год.