Во текот на изминатата недела во воздухопловната бригада (вбр) се одвиваше интензивна меѓуармиска активност преку остварени посети од официјални претставници на странски армии и организации со кои вбр остварува соработка.
На ден 13.10.2014 година во посета на воздухопловната бригада престојуваше одбранбеното аташе на Република Хрватска во Република Македонија полковник Ивица Матешиќ.
Посетата беше со цел за водење на разговори во врска со ремонти на моторите како и искуства околу набавка и користење на резервни делови за хеликоптерите.
На ден 17.10.2014 година е остварена средба со одбранбеното аташе на Република Франција во Република Македонија потполковник Стефан Лошлетер во придружба на претставник на фирмата “LH Aviation”. Од страна на претставникот од фирмата се одржа презентација за неколку варијанти на авиони и беспилотни летала кои ги произведува фирмата.
Во текот на посетите се опфатени теми од доменот на воздухопловството кои се од интерес за билатералната соработка.
Покрај официјалните претставници на армиите од НАТО земјите со кои соработува АРМ на 21.10.2014 година вбр ја посетија и фотографи ентузијасти од Обединето Кралство од асоцијацијата „Warton Aviation Society“ кои за време на посетата се запознаа со воздухопловите со кои располага вбр со цел правење на фото сторија за леталата.