На ден 24.06.2020 година, со пригодна свечена церемонија извршено е примопредавање на должноста помеѓу единаесеттиот и дванаесеттиот контингент, на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, кои извршуваат должности во Командата за обука и советување, Главен Град (КОСА-ГГ). Церемонијата со почитување на мерките за заштита од COVID-19 се реализира пред Командата на КОСА-ГГ. На церемонијата за примопредавање на должноста покрај персоналот од двата контингенти присуствуваа и Командантот на КОСА -ГГ, бригаден генерал Ахмед Денер од армијата на Република Турција и заменик на командантот на КОСА – ГГ, полковник Даниел Кели од армијата на САД.
Во своето пригодно обраќање Командантот на КОСА – ГГ, бригаден генерал Ахмед Денер се заблагодари на припадниците од досегашниот контингент за нивното залагање и придонесот во извршувањето на задачите во командата, а на новиот контингент им посака пред се здравје, успешна работа и со своето залагање да го дадат својот придонес кон мисијата. На крајот на церемонијата генерал Денер лично им ги додели НАТО медалите на македонските мировници од единаесеттиот контингент.
ЈИ/ЈМ/БН