Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ ,во гарнизонот Петровец, свечено беше одбележан ,,11-ти Март, Денот на Командата на резервни сили”.
На свеченоста присуствуваа заменикот на командантот на Команда за операции (КО) бригаден генерал Орце Јордев и команданти на единици во Армијата.
Во своето обраќање, командантот на Команда на резервни сили, полковник Ќиро Калков истакна дека се горди што се носители на традициите на овој настан од поновата историја на македонскиот народ, настан кога на караулата „Рамна Нива“ во Крива Паланка 11-ти март 1992 година за првпат на државната граница се развиори државното знаме со што се заокружи територијалниот интегритет на нашата држава и го означи создавањето на Армијата.
Заменикот на командантот на КО, бригаден генерал Орце Јордев, истакна дека во развојот и формирањето на командите и единиците на Армијата, во делот на активната и општата резерва, посебно значајно место има Командата на резервни сили.
По повод Денот на единицата, беа доделени стимулативни мерки за припадници од единицата за остварените резултати во работата и беа прочитани честитки за Денот на единицата.