Согласно Годишните планови и програмата за соработка со Црвениот крст, денес во касарната „Чеде Филиповски-Даме “ во Кичево се реализира акција за доброволно дарување на крв и беа собрани вкупно 50 крвни единици.
Со оваа хуманитарна акција припадниците на Армијата, сместени во гарнизонот Кичево, уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело, во услови на вонредна состојба и во време кога се ангажирани на многу други задачи околу справување со вирусот “COVID-19”.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст ја искажаа својата благодарност кон припадниците на 4.пешадиски баталјон и не го криеја задоволството од подарените крвни единици во моменталните услови на вонредна ситуација.
ГЃ/ЧС/БН