Курс на тема ,,Грижа за повредените на бојното поле”, реализираа инструктори од САД во просториите на четата за АБХО, од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и терените за обука во касарната Чојлија, во период 10.09.-14.09.2018 година.
Курсот, на кој присуствуваат 13 припадници од чАБХО, 2 лица од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на Република Македонија и 2 лица од противпожарната бригада на град Скопје, го реализираат двајца инструктори од САД, од Агенцијата за намалување на заканите по одбраната на САД. Истиот се реализира во два дела, теоретски дел кој се реализира во просториите на четата и практичен дел кој се реализира на полигоните за обука во касарната Чојлија и има за цел одредување на клучните фактори кои влијаат за спасување на повредените на бојното поле, постапки при давање на прва помош при разни повреди на учесниците на бојното поле и нивна евакуација и транспорт до најблиските медицински центри.
По завршувањето на курсот, на учесниците ќе им бидат доделени сертификати за учеството и завршување на курсот.
СМ/ЧС/БН