Во Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) во период од 3 до 28.09.2018 година се одржа „Курс по прва медицинска помош за животоспасувачи – основен и напреден“ во организација на одделот за медицинска обука/ВМЦ, а предавачи беа инструктори по медицинска обука од овој оддел. На овој курс земаа учество вкупно 12 припадници од единиците на АРМ, како и 5 волонтери од Црвениот крст на Република Македонија.
Курсот беше поделен во два модули од кои во периодот од 3 до 14.09.2018 година се одвиваше основниот курс по прва медицинска помош, а од 17 до 28.09.2018 година, напредниот курс по прва медицинска помош за животоспасувачи.
За време на обуката, сите учесници беа обучени за постапување во основни и напредни животоспасувачки мерки како и во унифицирање на пристапот во згрижувањето на повредените и заболените. На завршниот ден, се изведе практична вежба во спроведување на постапки за згрижување на повредени и заболени.
Со одржувањето на овој курс, се продолжи со долгогодишната успешна соработка со Црвениот крст на Република Македонија и инструкторите за медицинска обука од АРМ.
ЗВ/ЛС