Во периодот од 18.09 до 13.10.2023 година на полигонот за обука „Пенуш“, персонал од потчинетите единици на Командата за операции (КО), успешно реализираа курс за млади лидери со инструктори од Вооружените сили на Обединетото Кралство (ОК).
Во текот на обуката беа реализирани теми од тактичка обука на ниво на одделение (напад, одбрана, патролирање, марширање, изведување на извидувачка патрола и др.), санитетска обука, топографија и техники на движење со тим, а се реализираа и подготвителни гаѓања со личното вооружување кое го должи персоналот. За време на обуката персоналот покажа посветеност, издржливост и максимално залагање.
На завршетокот од обуката присуствуваа началникот на секцијата за обука и вежби во 1.пешадиска бригада (1.пбр), потполковник Јонче Лазаревски, командантот на 2.пешадиски баталјон, потполковник Зоран Сумрачки и главните подофицери на единиците од 1.пбр.
За успешно завршениот курс, кој ќе претставува основа за понатамошното унапредување во кариерата на младите лидери, на учесниците на курсот им беа доделени сертификати.
ГЃ/СН/ЧС