Во период 03-07.10.2016 во Регионалниот Медицински Тренинг Центар при Воено Медицинскиот Центар се одржа „Курс за предболничка медицинска поддршка при траума“ (PHTLS – Pre Hospital Trauma Life Support) и „Воено-медицински персонален курс“.
Слушатели на обуките беа 11 доктори на медицина и медицински техничари од ВМЦ кои во тек на наставата имаа можност да го унапредат и повторат своето знаење, како и да ги синхронизираат постапките во укажување на прва медицинска помош. Заменик командантот на Свисинт, пполк. Кедрик Рукли дојде во официјална посета на наставата, при што беше запознаен со значењето на истата и придобивките од стручен и финансиски аспект кои АРМ ги стекнува од поддршката на Швајцарската Конфедерација.
Одржувањето на „Курс за предболничка медицинска поддршка при траума“ е значаен фрагмент во шеснаесет годишната соработка со Центарот за воено-медицинска обука од Швајцарската Конфедерација и годишните курсеви кои тие ги одржуваат во РМТЦ.
Инструкторите за медицинска обука во РМТЦ, добија можност да го обноват интернационално признаениот сертификат стекнат во швајцарскиот Центар за обука во 2012 година. Истовремено, останатите слушатели се здобија со именуваниот сертификат.
Активностите се реализираа во организација и целосна финансиска поддршка на Центарот за обука Свисинт-Швајцарија (SWISSINT-Swiss Armed Forces International Command), а под раководство на Саша Оберли, специјалист за медицинска обука.