Медицинскиот тим на АРМ во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина учествуваше во медицинска поддршка на доброволна крводарителска акција која се спроведе во кампот Бутмир кај Сараево како резултат на соработка мегу ЕУФОР и Заводот за трансфузиолошка медицина на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Крводарителската акција е спроведена во дел од просториите на амбулантата каде македонскиот медицински тим врши обезбедување на општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, при што од страна на тимот се извршени сите потребни подготовки (преуредување на просториите, подготовка на упатства и слично) и испомош на тимот од Заводот кој го спроведуваше земањето на крв.
Меѓу дарителите на крв кои беа од контингентите на Ирска, Турција, Бугарија, Унгарија, Италија, Полска, САД и цивили од БиХ, учествуваше и една припадничка на македонскиот медицински тим.
Покрај давањето на општа медицинска помош за силите на ЕУФОР македонскиот медицински тим од шеснаесеттата ротација редовно изведува воено стручна обука во повторување на медицинските постапки чија цел е подобрување на ефикасноста во извршување на секојдневните обврски.