Во командата на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП), се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за статусот на борбената готовност за месец февруари 2019 година.
Командантите на првопотчинетите единици на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски му реферираа за реализираните задачите во изминатиот месец, проблемите како и за тежишните активности за наредниот месец.
На крајот од реферирањето генералот Арсоски заклучи дека степенот на извршувањето на главните задачи и активности кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште и издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за месец март 2019 година.
По завршување на реферирањето беа обиколени магацините во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.