Реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за статусот на борбената готовност за месец август 2018 година се реализира во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово на кое командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, за реализацијата на плановите и задачите во изминатиот месец како и за тежишните задачи за наредниот месец.
На крајот од реферирањето генералот Арсоски заклучи дека со максимално ангажирање на персоналот од ЗОК и потчинетите единици, степенот на извршувањето на главните задачи и активности кои го одбележаа изминатиот месец е на потребното рамниште и издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за месец септември 2018 година.
Во рамките на месечното реферирање се реализира и командантско извидување на северозападниот дел на просторот на Република Македонија и обиколка во реонот на Попова Шапка.
ЧС/БН/ПА