Министерката за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска, придружувана од командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски и заменик командантот на 1.мпбр, полковник Марјан Симоновски ја посети касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Од страна на командантот на касарната, потполковник Ивица Цветковски, министерката Шекеринска преку видео презентација беше запознаена со историјата, мисијата, организациско формациската структура и главната опрема на артилерискиот баталјон кој е сместен во касарната во Прилеп.
По краткиот брифинг следуваше разгледување на касарната каде министерката имаше можност лично да ги види условите за живот и работа на припадниците на артилерискиот баталјон.
Касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, е реактивирана во 2013 година и истата нуди одлични услови за живот и работа на единиците сместени во неа. Впечатокот кој го остава среденоста на кругот и објектите во касарната, се должи на трудот и инвентивноста на војниците и старешините кои работат во неа.
СМ/ЧС/НЈ/ОЈ