Во период од 24.11 до 26.11.2014 година во гарнизонот во Тетово беше реализирана обука на тема “Борба во урбана средина“ со припадници од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада. Претходно истата обука беше реализирана и со старешини од основните единици на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб).
Обуката започна со општи теоретски одредби во една од училниците на 3.мпб, а практичниот дел се реализира на полигонот за обука во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“. Во текот на обуката беа реализирани следните теми и наставни содржини: формации, техники на движење и носење на оружје во урбана средина, заклони, огнени позиции и движење под оган во урбана средина, патролирање пеш и со моторни возила, реакција на контакт и други активности.
Наведените теми кај припадниците од 3.мпб и 4.мпб, беше проследена со голем интерес и истите се вклучија максимално во обуката што резултираше со надградување на постоењите знаења и уште една успешно реализирана активност.