Во период од 13.01 до 15.01.2015 година со припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб), од составот на 1.механизирана пешадиска бригада беше реализирана обука на тема „Постапки во воено заробеништво“.
Обуката беше реализирана во теоретски и практичен дел според дадените теми: „Заробеништво и права на воени заробеници“, „Методи на испитување на воени заробеници“, „Пасивен отпор на методите на испитување“ и „Симулација на постапки при воено заробеништво“.
Цел на обуката е припадниците од 3.мпб да се запознаат со организацијата, методологијата, начинот и обликот на изведување на обука на тема постапки во воено заробеништво.
При реализација на обуката се запазени сите правила и обврски предвидени за постапките со воени заробеници согласно Женевската конвенција за воени заробеници.