Во периодот од 26 до 28 април 2022 година, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп се реализира обука со клучниот персонал од родот артилерија. Учесници на обуката беа старешини од артилерискиот баталјон и артилериските единици од 1.пешадиска бригада (1.пбр).
На обуката свое учество земаа и претставници од 4. бригада за асистенција на безбедносни сили од вооружените сили на САД, 4.SFAB (4. Security Forces Assistance Brigade), кои активно се вклучија во презентациите и практичниот дел со размена на искуства од оваа област помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД.
Учесниците на обуката, со своите излагања активно придонесоа за целосна имплементација на сите елементи за огнена поддршка, со соодветни иницијативи за надминување на недостатоците.
Неколку дневната обука придонесе за стекнување на нови знаења и размена на искуства за полесно справување со предизвиците со кои се соочува овој персонал за време на извршувањето на задачите од доменот на артилерија, со што целта на организацијата на обуката беше во целост остварена.
За време на обуката учесниците ги посети командантот на 1.пбр, полковник Сашко Лафчиски.