Во периодот од 04.04-06.04.2023 година, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп во организација на артилерискиот баталјон по седми пат се реализираше „Обука со клучниот персонал од родот артилерија“ (Артилериски Семинар). На истиот присуствуваа 26 офицери од родот артилерија од сите единици и команди од Армијата.
Семинарот го отвори Директорот на ГШ на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски со свое воведно излагање во кое ги презентираше идните развојни планови за артилериските единици во Армијата. Свои излагања имаа и генерал мајор Зоран Милески и Началникот на штаб на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Присутните ги поздрави и командантот на 1.пбр, бригаден Сашко Лафчиски.
Тридневната обука придонесе за стекнување на нови знаења и размена на искуства за полесно справување со предизвиците со кои се соочува овој персонал за време на извршувањето на задачите од доменот на артилерија, со што целта на организацијата на обуката беше во целост остварена.