Во периодот од 1 до 12 јуни 2026 година, согласно Годишниот календар за обука, на терените во зоните на одговорност на Првиот пешадиски баталјон (1.пб), Вториот пешадиски баталјон (2.пб), Инженерискиот баталјон и Четата за воено разузнавање беше реализирана стручно-специјалистичка обука од предметот „Базирање и исхрана во природа“.
На обуката учествуваа припадници од извидувачките водови на Првиот и Вториот пешадиски баталјон, како и персонал од Инженерискиот баталјон и Четата за воено разузнавање, кои успешно ги реализираа сите предвидени содржини.
Целта на обуката беше персоналот практично да се обучи во опстојување во природата, самостојно создавајќи услови за живот и работа, тогаш кога тоа е потребно или во услови кога нема редовно снабдување со основни намирници за живот. Во рамки на обуката беа реализирани активности за изработка на привремени објекти за сместување и исхрана, пронаоѓање и користење на природни ресурси од растително и животинско потекло во поширокиот реон на местото за реализација на обуката, како и нивна подготовка за употреба.
Со реализацијата на оваа обука, учесниците ги надоградија своите знаења и вештини за преживување во природа, ја зголемија сигурноста и самодовербата во своите можности и практично ја покажа обученоста и подготвеноста за извршување на обврските и задачите во реални услови, изолирани, без секојдневни средства и намирници за живот и работа.
ГЃ/ДЧ








