Согласно годишниот план календар за обука, вод од составот на баталјонот на Воена полиција, во периодот 08-12.04.2019 година на терените за обука во ЦО „Пепелиште“ и АП „Криволак“, реализираше обука како дел од подготовките за претстојната воено-полициска вежба „Beyond Horizont-19“ која ќе се реализира во Република Бугарија.
Целта на обуката беше тимско обучување и извежбување на старешините и војниците во процедурите, тактиките и техниките во организирањето и изведувањето на воено-полициски задачи, како и реализирање на подготвителни гаѓања со личното вооружување.
Воедно покрај извежбувањето и подготовките на водот за претстојната вежба, во истиот период, новопримените припадници на баталјонот на Воена полиција, реализираа основна и напредна воено полициска обука, со цел навремена подготовка за успешно извршување на задачите поврзани си мисијата на единицата.
ДГ/КН/БН