Во период од 10-14 октомври во капацитетите на Техничкиот-ремонтниот центар согласно планот за билатерална соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Република Италија, се реализираше обука за одржување на возилата „Ивеко 80,17“ и „Ивеко Еурокарго“.
Обуката ја посетуваа припадници на АРМ на формациско место –механичари на кои од страна на инструкторите им се презентираа детални инструкции од доменот на сервисирање на моторот и останатите системи на возилата.
Преку стручните упатства и практична работа, присутните механичари се стекнаа со дополнителни знаења од областа на одржувањето и сервисирањето со цел продолжување на временските ресурси на користење на возилата од овој тип.
По завршување на обуката, на учесниците од страна на обучувачите од им беа врачени сертификати за успешно реализирана обука.