Во просторите на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и на стрелиштето „Леково“, во период од 22 до 26 март, согласно Годишниот план за работа на 1.пешадиска бригада (1.пбр) со доследно почитување на мерките за заштита од „Ковид 19“ се реализираше обука за размена на искуства од областа на артилерија.
Во текот на обуката, офицерите и подофицерите од артилерискиот баталјон и персоналот од родот артилерија од составот на пешадиските баталјони на 1.пбр и персоналот од баталјонот за специјални сили (бСС), теоретски преку презентации, дискусии и размена на лични искуства, како и практично со реализација на вежбовно гаѓање со хаубица 105 мм со вметната цевка 20 мм на стрелиштето „Леково“, ги надградија и подобрија своите знаења од областа на артилерија.
Обуката за предни набљудувачи претставува добра можност за потсетување на досегашните и стекнување на нови искуства за полесно надминување на предизвиците, со кои се соочуваат во текот на извршување на задачите од доменот на артилерија, со што беше остварена целта на неколку дневната обука.
ГЃ/ЧС/БН