На ден 29.06.2026 година, припадниците на Армијата стационирани во касарната „Страшо Пинџур“ во гарнизон Петровец, во соработка со Противпожарната бригада (ППБ) на градот Скопје, реализираа обука за противпожарна заштита.
Обуката се спроведе во два дела и тоа теоретски и практичен дел.
Во рамки на теоретскиот дел, професионалните пожарникари ги презентираа најчестите причини за појава на пожари, противпожарните превентивни мерки, како и постапките за навремено и ефикасно реагирање при настанување на пожар со употреба на формациските средства со кои располагаат единиците на Армијата.
За време на практичниот дел беа демонстрирани постапки и техники за гасење пожари, при што учесниците имаа можност практично да се запознаат со правилната употреба на противпожарните средства и процедурите за безбедно постапување во вакви ситуации.
Обуката се реализираше на почетокот на летната сезона, кога реално постојат зголемени опасности од пожари на отворен и во затворен простор.
Вакви противпожарни обуки, во соработка со локалните противпожарни единици, во наредниот период ќе бидат реализирани и во останатите гарнизони на Армијата.
ГЃ/ДЧ








