Во периодoт од 18 до 26.09.2014 година припадниците на АРМ од медицинскиот тим во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина имаа неколку активности со кои се афирмираше македонскиот тим во мисијата.
Најпрвин на ден 18.09.2014 година македонскиот контингент во кампот Бумир – Сараево, беше посетен од страна на делегација предводена од командантот на Националната гарда на Вермот, САД, генерал – мајор Стивен Креј.
При посетата генералот беше запознат со мисијата, нивото на медицинска поддршка кое го обезбедуваат и секојдневните обврски на македонскиот контингент во мисијата АЛТЕА во БиХ, по што е извршена обиколка на просториите од македонската воена амбуланта во кампот Бутмир – Сараево.
Во период од 22 до 25.09.2014 година во базата на Еуфор во Бутмир, Сараево, медицинскиот тим ја пружи потребната медицинска поддршка на меѓународниот воен регионален натрпревар во футсал, на кој учествуваа футсал тимови од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
Исто така во деновите 22, 24 и 26 септември во просториите на амбасадата на Европската Унија (ЕУ) во Босна и Херцеговина се реализира тридневната медицинска обука за членови од делегацијата и штабот на ЕУСР (Специјални претставници на ЕУ) при амбасадата на ЕУ во Сараево.
На обуката од страна на мајор Ирена Динева и постар водник 1 класа Синиша Петкоски на присутните им беа објаснети основните постапки при животозагрозувачки состојби, срцево-белодробно оживување, употреба на автоматски надворешен дефибрилатор, постапки при ургентни состојби, сопирање на крварење, како и третман на изгореници и повреди.