Со воена свеченост во касарната „НХ Мирче Ацев“ во Прилеп, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа началникот на штаб во Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на 1.пбр, полковник Сашко Лафчиски, командантите на единици во Армијата, поранешни команданти на артб и претставници на јавниот и бизнис секторот во зоната на одговорност на артб..
Во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата, командантот на артб, потполковник Славчо Кузманоски се осврна на историјата на единицата, реализираните активности во изминатиот период како и задачите и обврските што следуваат во наредниот период.
Командантот на 1.пбр, полковник Лафчиски им го честиташе Денот на единицата со желба за лично здравје на припадниците на артб и нивните семејства.
На свеченоста по повод Денот на единицата беа прочитани честитки и стимулативни мерки за припадниците на единицата и за најдобар вод во единицата беше прогласен командниот вод на 2. батерија на потпоручник Викторија Јаневска.