Во касарната во Прилеп, беше одбележан патрониот празник и 74 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев.
Букети свежо цвеќе пред бистата на херојот положија: делегација од 1.мпбр предводена од бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, делегација од артилериски баталјон, предводена од потполковник Ивица Цветковски, делегација од општина Прилеп и делегација од Сојузот на борците од НОБ.
Со пригоден говор пред присутните се обрати командантот на касарната потполковник Ивица Цветкоски, додека за животот и делот на Мирче Ацев говореше г-дин Рубинчо Белчевски, историчар од Прилеп.
Одбележувањето на патронатот, со своето присуство и културно уметничката програма ја збогатија учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ и играорците од КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп.
На крајот од свеченоста присутните гости имаа можност да ја разгледаат изложбата на опремата и вооружувањето со кои располага единицата.