Денес, 05 јуни 2015 година во касарната Н.Х. “Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово со воена церемонија се одбележаа четиринаесет години од трагичното загинување во 2001 година на постар водник 1 класа Исак Руфати и војниците Николче Китанов, Блашко Толев, Златко Миленковски, Благоја Сиљановски и Пеце Матичевски, припадници на АРМ од гарнизон Тетово.
На церемонијата пред построените единици и гости заменикот на командантот на 3. механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) одржа пригоден говор. Во продолжение на активноста, пред спомен одбележјето на загинатите беше положено свежо цвеќе од страна на делегации на Армијата на Република Македонија, сојузот на борци од Тетово и здруженија на граѓани.
Со денешното чествување, како и на останатите загинати припадници на АРМ во изминатиот период, припадниците на АРМ уште еднаш им оддадоа почит на загинатите за нивната храброст, несебичност и пожртвуваност и кои за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина, Република Македонија, несебично го положија и својот живот.