Денес 28-ми Март 2017 година во касарната „Илинден“ во Скопје беше одржан помен по повод навршувањето на 16 години од трагичното загинување на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски (тогашен командантот на баталјонот на Воената Полиција).
По тој повод, на спомен обележјето пред Командата на баталјонот Воена Полиција, (бВП) во касарната „Илинден“ Скопје, беше положено свежо цвеќе и изразено сочувство на семејството на загинатиот припадник на АРМ.
Свежо цвеќе положија делегации од Командата на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) на АРМ, Сектор Службата за Воена Безбедност и Разузнавање (ССВБиР), полкот за специјални операции (пСО), припадници од МВР, делегации на единици сместени во касарната „Илинден“, членови на семејството на загинатиот Командант, припадници од резервниот состав, роднини и пријатели.
Беше врвен професионалец, секогаш подготвен за професионално извршување на поставените цели и обврски, професионалец кој даде огромен придонес во одбраната на татковината и достојно претставување на единицата на чие чело стоеше и беше нејзина гордост, а за сработеното многу скромно ги примаше пофалбите и честитките.
Со гордост ќе се сеќаваме на неговиот лик и дело и секогаш ќе се гордееме што бевме негови соработници беше истакнато на денешното одбележување.
Во негова чест, а по повод 16 години, од трагичното загинување, припадниците на бВП, организираа крводарителска акција.