Денес во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово со воена свеченост, припадниците на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) го одбележаа денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа, заменик командантот на 1.механизира пешадиска бригада, команданти на потчинети единици, поранешни команданти и пензионирани припадници на единицата, претставници од локалната самоуправа, владини и невладини организации, сојузи, здруженија, верски заедници, претставници на медиумите и други гости кои со своето присуство го збогатија овој настан.
Командантот на 3.мпб во своето пригодно обраќање по повод Денот на единицата истакна: „Денес одбележуваме уште еден Ден во вековната борба и стремежите на многу генерации за слободна и независна Македонија, а денешната свеченост е уште една можност да се потсетиме на нашите славни предци и нивните херојски дела“.
На свеченоста по повод денот на единицата беше прогласен најдобар вод од составот на единицата, реализиран тактичко-технички збор на дел од вооружувањето и опремата со која располага единицата, свечено дефиле на единицата и културно-уметничка програма.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорѓе Иванов, 27 ми август е прогласен за „Ден на 3.мпб“ во чест и сеќавање на традициите од 15-та Поречка ударна бригада која била формирана на овој ден во далечната 1944 година.
МЈ/НЈ/ОЈ