Денес (17.09.2014 година) во касарната „Јане Сандански” во Штип се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). На свеченоста присуствуваа: началникот на штаб во Здружената Оперативна Команда, бригаден генерал Стојан Димчов, командантот на 1.мпбр – бригаден генерал Павле Арсоски, претставници од 1.мпбр, локалната самоуправа, МВР, локалните медиуми и други гости.
Командантот на 2.мпб, потполковник Стојанче Тодоров во обраќањето пред присутните истакна дека „Припадниците на баталјонот денес, претставуваат респектабилна воена сила оспособена за извршување на сите поставени задачи“. Командантот на 1.мпбр истакна дека „Секоја задача припадниците на 2.мпб ја извршуваат на најдобар начин и сум особено горд на вас и вашите успеси“.
На свеченоста беше прочитана честитка од Началникот на ГШ на АРМ до припадниците на баталјонот, како и стимулативни мерки по повод празникот.
Свеченоста заврши со свечено дефиле на единиците од составот на баталјонот, воената техника и вооружување, како и презентација на оклопен транспортер Хермелин и персоналот кој го опслужува.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 17 септември е одреден за ден на 2.мпб, како ден на формирањето и традициите на 14 младинско македонска народно ослободителна ударна бригада, а чии традиции ги продолжува 2.мпб.