Денес во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), го одбележаа Денот на единицата како продолжувач на негување на традициите од формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.
На денот на единицата присуствуваа, директорот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), полковник Драган Ковачки, командантите на единици, поранешни команданти, пензионирани старешини од составот на единицата, претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност, јавните установи и служби, како и правни и физички лица со кои единицата има долгогодишна соработка.
На свеченоста со пригодни говори се обратија, командантот на 1.мпбр, полковник Драган Ковачки со честитки за денот на единицата и командантот на 4.мпб, потполковник Горан Трајановски, кои го истакна учество на воената парада во Република Полска каде нашето знаме рамноправно со другите држави продефилира на главната церемонија и со чест и гордост беа во строј со останатите армии, членки на НАТО алијансата.
За постигнатите резултати во обуката и извршувањето на секојдневните обврски и задачи во текот на работата за најдобар вод беше прогласен оклопно извидувачкиот вод од командната чета. Исто така беа доделени стимулативни мерки на персоналот за несебичното залагање и јакнење на воениот колектив во текот на работата.
Припадниците на 4.мпб, по повод денот на единицата, на дело ја покажаа хуманоста преку доброволно дарување на 91 крвни единици.
Свеченоста заврши со дефиле на единиците и тактичко техничкиот збор на кој учениците од средните и основните училишта од зоната на одговорност на единицата и присутните гости имаа можност да се запознаат со вооружувањето и опремата со кои е опремена единицата.
ГЃ/ЧС/БН