Денес во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец со почитување на сите мерки и протоколи за вирусот COVID-19, се одржа воена свеченост по повод одбележување на “15. Октомври – Денот на баталјонот за Воздушно набљудување и јавување (бВНЈ)“ од составот на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ).
На свеченоста присуствуваа: командантот на вВИНГ, полковник Стојко Пејовски, командантот на 1 пешадиска бригада полковник Бесник Емини, началници на секции во вВИНГ и други гости.
На воената свеченост со пригоден говор се обрати командантот на вВИНГ кој го истакна значењето на бВНЈ како и формирањето на Центарот за командување и контрола со воздушно оперативен простор, од каде се врши координација за мисијата (Air Policing) од страна на НАТО Алијансата и го истакна и несебичното залагање на припадниците од баталјонот во извршувањето на поставените задачи.
На присутните им се обрати и командантот на бВНЈ, потполковник Оливер Стојаноски кој пред присутните истакна дека сите претходни генерации на бВНЈ имаат вложено огромен личен и професионален ангажман во формирањето и развојот на воздушното набљудување.
Пред стројот се прочитаа честитки од началникот на Генералштабот на Армијата и Командантот на КО, а беа доделени и стимулативни мерки по повод денот на единицата.
ГИ/БН