Денес (13.09.2016 година) во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр).
На свеченоста присуствуваа претставници од Здружено Оперативната Команда, Заменик Командантот на воздухопловната бригада, Началникот на Штаб на вбр, претставници од вбр, бивши Команданти и припадници на единицата, МВР и други гости.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 12-ти септември е одреден за ден на бПВO, денот кога е истрелана првата ракета земја-воздух.
Командантот на бПВО, потполковник Трајче Денчевски во обраќањето пред присутните го истакна значењето на едицата во одбрана на суверенитетоt и територијалниот интегритет на Република Македонија како и историските факти за формирањето на единицата. Исто така ги пофали припадниците за своето несебично залагање во справување со последиците од поплавите.
Пред стројот беше прочитана честитка од Началникот на ГШ на АРМ до припадниците на баталјонот, како и стимулативни мерки по повод празникот.