Денес во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележување на денот на батеријата за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ).
На свеченоста присуствуваа заменик на командантот на воздухопловниот ВИНГ потполковник Игорчо Стоименовски, началникот на штаб на вВИНГ и други претставници од командата на вВИНГ.
Командантот на бПВО, мајор Кире Илиев во обраќањето пред присутните го истакна значењето на едицата во одбрана на воздушниот простор на Република Северна Македонија како и историските факти за формирањето на единицата.
На присутните им се обрати и заменик на командантот на вВИНГ потполковник Игорчо Стоименовски, кој во својот говор истакна дека е од огромно значење што бПВО во понатамошната трансформација на Армијата останува како субјект од витално значење за Армијата.
Пред стројот беа прочитани честитки до припадниците на единицата како и стимулативни мерки по повод празникот.
Со одлука на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 12-ти септември е одреден за ден на бПВO, денот кога е истрелана првата ракета земја-воздух.
ГИ/ЧС