Денес (14.09.2015 година) во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за против-воздушна одбрана (бПВО) од составот на воздухопловната бригада (вбр).
На свеченоста присуствуваа Командантот на воздухопловната бригада полковник Кире Колевески, Заменик Командантот на вбр потполковник Роберт Малезански, претставници од вбр, бивши Команданти и припадници на единицата, претставници од локалната самоуправа, МВР и други гости.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 12-ти септември е одреден за ден на бПВO, денот кога е истрелана првата ракета земја-воздух.
Командантот на бПВО, потполковник Трајче Денчевски во обраќањето пред присутните го истакна значењето на едицата во одбрана на суверенитето и територијалниот интегритет на Република Македонија како и историските факти за формирањето на единицата. Исто така ги пофали припадниците за своето несебично залагање и исполнување на секојдневните обврски.
Пред стројот беше прочитана честитка од Началникот на ГШ на АРМ до припадниците на баталјонот, како и стимулативни мерки по повод празникот.