На ден 17.02.2017 година (петок) во гарнизоните: Куманово, Петровец, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп и Скопје припадниците на Здружено Оперативната Команда (ЗОК) и потчинетите команди и единици го одбележаа Денот на Меѓународниот Совет за Воени спортови (МСВС).
По постројување на единиците и екипите, командантите на гарнизоните им посакаа постигнување на врвни резултати на натпреварувачите по што започнаа спортските натпревари во дисциплините: мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг понг, стрелаштво, влечење јаже и шах, кои се реализираа на спортските терени и во просториите во касарните.
Со масовното учество на спортските активности се постигна и целта на оваа манифестација која преку спортски активности го промовира здравиот живот, другарувањето, пријателството и психофизичката кондиција како значаен сегмент во обуката на АРМ
На крајот од натпреварувањата на најдобрите екипи и поединци им беа доделени дипломи.