Денес во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец, со придржување на сите мерки и препораки кои се применуваат во справување со пандемијата, припадниците на тенковскиот баталјон (тб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), го одбележаа Денот на единицата.
Пред стројот на припадниците на тенковскиот баталјон, командантот на 1.пбр, бригаден генерал Бесник Емини упати честитки за Денот на единицата и се заблагодари за успешноста во извршување на задачите и обврските во услови на пандемија. Од страна на вршителот на должност заменик на командантот на тб, мајор Љупчо Јордановски беа истакнати историскиот пат, духот и традицијата на единицата, изградени во изминативе 30 години кои силно се врежани во секој припадник на тенковскиот баталјон, чии корени потекнуваат од 2 јуни 1993 година, денот кога е формиран тенковскиот вод во рамките на тогашната гардиска бригада на Армијата, како и достигнувањата на припадниците на тб во обуката, секојдневните активности и идните активности на баталјонот.
На свеченоста присуствуваа командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Бесник Емини, командантите на потчинетите единици на 1.пбр и началниците на секции од командата и штабот на 1.пбр.
По повод Денот на единицата беа наградени и пофалени припадниците од баталјонот кои се истакнале во работата и обуката и дале свој придонес во јакнењето на борбената готовност на единицата.
НР