На 28-ми март 2022 година се навршуваат 21 година од трагичното загинување на Командантот на бВП, капетан 1 класа Љупчо Мирчовски. По тој повод, денес на 28.-ми март, пред командата на баталјонот на Воена полиција во касарната “Илинден“ му беше оддадена почит на спомен обележјето подигнато во негова чест со полагање букет свежо цвеќе.
На поменот присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, делегациите од ССВБиР/МО и Г-2/ГШ на Армијата, претставниците од Генералштабот на Армијата, претставници од единиците сместени во касарната „Илинден“, членови на потесното семејство на загинатиот командант и мал број на роднини, пријатели и поранешни колеги.
Поменот се одржа со почитување на протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на COVID-19 и протоколот за начинот и условите за организација на настани за заштита на учесниците согласно препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од болеста Ковид-19.
Пред присутните се обрати командантот на баталјонот на Воена Полиција, потполковник Кире Николовски, кој се наврати на ликот и делото на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски, како еден од првите старешини кои од 01.04.1992 година учествуваат на формирањето на баталјон на Воена Полиција, притоа истакнувајќи ги неговите позитивни особини како професионалноста, упорноста, истрајноста и големото разбирање во работата при извршувањето на поставените задачи, обврски и цели во градењето на имиџот и афирмацијата на единицата и Армијата.
Во рамките на одбележувањето на годишнината од загинувањето на поранешниот командант исто така реализирано е и полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинати бранители во Берово и на гробното место во село Русиново во Берово од страна на делегација предводена од командантот на баталјон на Воена Полиција.
Нам како припадници на бВП и Ваши следбеници ни останува обврската и честа да чекориме по патот кој го трасиравте и со гордост и благодарност да се сеќаваме на Вашиот лик и дела, горди што бевте наш Командант.
ЃТ/ЧС