Во касарната „Н.Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост припадниците на 3. пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1 пешадиска бригада (1.пбр) го одбележаа ,,25-ти февруари“, патронатот на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“.
На одбележувањето присуствуваа претставници од командата и штабот на 1.пбр,претставници на Сојузот на борци од градот Тетово, локалната самоуправа, ученици од основните училишта во Тетово, здруженија на граѓани, припадници на верските заедници, владини и невладини организации во зоната на одговорност на 3.пб, кои на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу со полагање на свежо цвеќе му оддадоа почит.
Пригоден говор по повод патрониот празник на касарната во Тетово, одржа командантот на 3.пб, потполковник Изеир Ејупи, кој се осврна на животот и делото на Кузман Јосифовски-Питу, истакнувајќи дека со одбележувањето на патронатот секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации и поколенија.
Претходно, по повод овој ден, во касарната беше спроведена крводарителна акција од страна на вработените во гарнизон Тетово.
ГЃ/НЈ