Денес во касарната во Штип, со полагање на свежо цвеќе пред бистата на големиот македонски револуционер Јане Сандански, од страна на делегации на 1.механизирана пешадиска бригада,2.механизиран пешадиски баталјон, градоначалници од зоната на одговорност на 2.мпб, како и од претставници на здруженија и верските заедници од градот Штип, беше одбележан патрониот празник на касарната „Јане Сандански“.
По повод патрониот ден, свое обраќање имаше командантот на 1.мпбр, полковник Драган Ковачки кои им го честита денот на припадниците од касарната и потполковник Мирче Тасев, командант на 2.мпб кој во своето обраќање се осврна на ликот и делото на Јане Сандански.
По пригодните говори, за присутните гости беше организиран и тактичко-технички збор на кој беше презентиран дел од опремата и вооружувањето на единиците сместени во касарната во Штип, а претходно во соработка со Црвениот крст припадниците на 2.мпб даруваа 67 крвни единици со што уште еднаш. на дело ја покажаа својата хуманост.
Одбележувањето на патрониот ден, со свои настапи го збогатија и градскиот хор од Штип, КУД „Ристо Донев“- учителот од Штип и учениците од ДСМУ „Сергеј Михајлов“ Штип.