Во чест на навршувањето на 21 година од смртта на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски, денес во касарната „Илинден“, припадниците на баталјонот за врски, претставници на командите на единиците во касарна „Илинден“ – Скопје, семејството на капетан Бубевски и многубројни пријатели положија свежо цвеќе пред спомен обележјето.
Во говорот пред присутните командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност и храброст. Му беше оддадена достојна почит, ја споделивме тагата и уште еднаш си ветивме дека неговата жртва и неговото дело, никогаш нема да бидат заборавени. Секогаш ќе остане запаметен како херој, кој го даде животот за нешто поголемо од себе!
Секоја година во негова чест во баталјонот за врски се одбележува поменот на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски.