На ден 05.09.2014 година во Здружената Оперативната Команда (ЗОК), прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и воздухопловната бригада (вбр), престојуваше персонал од канцеларијата на одбранбеното аташе на САД во Република Македонија предводено од полковник Томас Батлер.
Претходно на ден 03.09.2014 година военото аташе и персоналот од канцеларијата престојуваше во воено медицинскиот центар (ВМЦ) од бригадата за логистичка поддршка.
Обиколката е со цел запознавање на новоназначениот персонал од канцеларијата на одбранбеното аташе на САД во Република Македонија со ЗОК и потчинетите единици од составот на ЗОК.
Согласно Планот на посетата, гостите беа примени од командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски по што се одржа презентација за ЗОК.
По завршувањето на посетата во ЗОК се реализираа планираните посети на 1.мпбр и вбр во гарнизонот Петровец, каде исто така по прием од командантите се одржаа презентации за единиците.
Персоналот од канцеларијата на одбранбеното аташе на САД преку презентации се запозна со структурата, мисијата и задачите, обуката која се изведува, опременоста и учество во мисии на ЗОК, 1.мпбр, вбр и ВМЦ, како и со клучниот персонал.