Согласно активностите од програмата за официјална посета на Началникот на Генералштабот на ВС на Кралството Норвешка, адмирал Хакун Брун-Хансен, придружувани од генерал-мајор Павле Арсоски, командант на ЗОК и претставници на Генералштабот на Армијата, беше реализирана посета на баталјонот на Воена полиција, во касарната „Илинден“ Скопје.
На самиот почеток Началникот на Генералштабот на ВС на Кралството Норвешка, преку информативен брифинг имаше можност да се запознае со начинот, структурата и основната функција на баталјонот на Воена полиција.
Во текот на посетата беше презентирана методско показна вежба „Спречување на нереди и демонстрации и воспоставување на нарушен јавен ред и мир“ и тактичко технички збор на опремата и моторните возила со кои располага и работи баталјонот на Воена полиција при извршување на секојдневните задачи и активности.
Оваа посета претставуваше одлична можност за афирмација на единицата со високо ниво на професионализам и обученост.
ВС/ВЕ/ПА