Извидувачко-разузнавачкиот баталјон и оваа година е домаќин на 11- тите по ред Ренџерски игри, кои се реализираат во периодот од 06 до 10 ноември во касарната „Илинден“ во Скопје. На игрите учество земаа 5 екипи од Армијата и 2 екипи од МВР.
На церемонијата на отворање на Ренџерските игри присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, началникот на штаб во Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на извидувачко- разузнавачкиот баталјон, како и команданти на единици во Армијата и началниците на секции од Командата за операции.
Главна цел на игрите е подигање на спортскиот и натпреварувачки дух со демонстрирање на високи тактички познавања и одлична физичка подготвеност.
Со прогласување на најдобрите екипи и поединци на 10 ноември, завршија Ренџерските игри за 2023 година.Нека овие игри бидат мотив за подобрување на натпреварувачкиот дух и усовршување на професионалните вештини, им честитаме на најдобрите. За најдобар тим е прогласен тимот на Единицата за брзо распоредување, второ пласиран е Извидувачко разузнавачкиот баталјон и трето пласиран е Вториот пешадиски баталјон од 1. пешадиска бригада.
Ренџерски игри за прв пат успешно се реализираа во 2014 година и традиционално се реализираат секоја година.