Во склоп на редовните годишни плански активности за обука на единиците во состав на здружената оперативна команда, во период од 11 до 14.05.2015 година на АП „Криволак“ се реализира гранатирање ракетирање и бомбардирање (ГРБ) со хеликоптери од типот Ми-8 и Ми-24B од составот на воздухопловната бригада (вбр).
Активноста е дел од редовната обука на пилотите од вбр каде од хеликоптерите се гаѓаат цели на земја со ненаведувани ракети, што претставува комплексна процедура бидејки големо влијание на прецизноста имаат брзината на хеликоптерот и временските услови.
Пред реализација на ГРБ пилотите најпрвин изведуваат теоретска обука, по што следува фиктивно ракетирање и гаѓање и на крај се пристапува кон изведување на боево ракетирање и гаѓање.
Активноста се изведува под надзор на искусни пилоти кои учествуваат во целиот процес на планирање и изведување на гаѓањето. По заршеток на гаѓањата се анализира целиот процес и се извлекуваат заклучоци и научени лекции од активноста.
Со изведување на постојана обука и тренинг пилотите од составот на вбр се оспособуваат за извршување на најкомплексни задачи кои произлегуваат од намената на единицата.