Припадниците на баталјонот на Воена Полиција (бВП) во периодот од 1 до 15 јули реализираа обука во пливање и обука на водени површини во летни услови во Кампот за обука на вода – Охрид.
Основна цел на обуката во летни услови е персоналот да се обучи во организирање на животот и работата на единицата во отежнати услови, изведување на обука, извршување на борбени задачи и задачи од доменот на Воената Полиција во летни услови на вода, како и да се оспособат и обучат во совладување на пливачки техники, техники на веслање и совладување на водени пречки со прирачни и формациски средства.
Воедно беше извршена обука во пливање со пушка во униформа, пливање со помош на прирачни средства заради префрлување на лица и личното вооружување по вода од едно до друго место, спасување на давеник и давање на прва помош – реанимација на истиот како и обезбедување на високи воени раководители на копно (пред влегување во пловен објект – брод) како и обезбедување на самиот пловен објект.
Како и досега припадниците на бВП со своето професионално и одговорно однесување успешно се справуваат со обуката.