Денес во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец припадниците на тенковскиот баталјон (тб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата, поставена во кругот на кас. „Чојлија, делегација од 1.пбр и тб го одбележаа 21 година од загинувањето на своите припадници во конфликтот во 2001 година, капетан Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џеладиновски.
Командантот на тб во својот говор меѓу другото истакна дека поменот на загинатите припадници претставува обврска која припадниците на тб и Армијата ја чувствуваат како долг кон своите колеги кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.
Исто така истакна дека се горди што во своите редови имаа храбри и доследни колеги и соборци, на кои вечно ќе се сеќаваат.